Боговиње, Северна Македонија • +389 76 235 787
Република Северна Македонија

Општина Боговиње

Новости

Посета на неколку локални компании

Посета на неколку локални компании

Денес, градоначалникот на Општината заедно со министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, посетија неколку локални компании од Општина Боговиње кои имаат добиено грантови од Министерството за економија.

Општина Боговиње има извонредни капацитети и многу успешни компании кои заслужуваат континуирана поддршка за развој и унапредување. Приватниот сектор останува главен двигател на економскиот развој и клучен фактор во намалувањето на невработеноста.

Како општина ќе продолжиме да бидеме поддршка и силен глас за нашите бизниси во обезбедување грантови и развојни фондови.

Посебна благодарност до министерот за економија за континуираната поддршка на нашата општина и локалните бизниси!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
ReDAN Младински урбан хакатон