Денес, градоначалникот на Општина Боговиње, заедно со градоначалниците на општините од Полошкиот Регион, учествуваше на координативниот состанок одржан во Гостивар, каде што од градоначалникот на Општина Гостивар беа информирани за состојбата што настана по прогласувањето на вонредна состојба поради загадувањето на водата.
Во име на Општина Боговиње, градоначалникот изрази целосна подготвеност за соработка и координација со општините од регионот, со цел да им се помогне на граѓаните на Гостивар и да се придонесе за што побрзо надминување на оваа состојба.
Градоначалникот изрази жалење и солидарност со сите засегнати граѓани. Во овие денови со високи температури, заедничка одговорност е да се направи сѐ за да им се обезбедат минимални услови и неопходната поддршка сè до целосното нормализирање на состојбата.