Сектор за јавни дејности и локален економски развој
Сектор за јавни дејности и локален економски развој
Секторот за јавни дејности и локален економски развој ги координира активностите поврзани со јавните услуги за граѓаните и развојот на локалната економија.
Секторот е организиран во две одделенија:
Одделение за образование, култура, спорт, здравствена и социјална заштита
основање, финансирање и надзор на основни и средни училишта, поддршка на спортски манифестации и инфраструктура, организирање на културни настани, негување на фолклорот и традицијата, социјална поддршка на граѓаните.
Одделение за локален економски развој
планирање и имплементација на стратегијата за локален економски развој, поддршка на мали и средни претпријатија, туризам и занаетчиство, подготовка на апликации за домашни и странски фондации, воспоставување партнерства и развојни мрежи.
Клучните надлежности вклучуваат:
- Финансирање и надзор на образовни институции на подрачјето на Општината
- Организирање спортски и културни манифестации
- Изработка на стратегија за локален економски развој
- Поддршка на претприемништвото и привлекување инвестиции
- Аплицирање за меѓународни и домашни фондови и грантови