Денес започна асфалтирањето на спортското игралиште во близина на основното училиште во село Јеловјане – симболична инвестиција со големо значење за заедницата.
Ова прекрасно планинско село утре ќе пречека бројни гости и посетители по повод прославата на Мајската свеченост, сакана традиција која секоја година се одржува со голема посветеност.
Како општина, остануваме посветени ниту едно населено место да не биде изоставено и секој дел да се развива и да го добие вниманието што го заслужува.