Значајна донација за Општина Боговиње: Пристигнаа две противпожарни возила.
Во соработка со покраината Тирол од Австрија и доброволните противпожарни единици од Тирол, денес примивме две возила за гаснење пожари, кои ќе бидат ставени во служба на нашата противпожарна единица.
Оваа донација пристигнува во многу значаен период, непосредно пред почетокот на сезоната на пожари, и значително ќе ја олесни работата на нашите пожарникари на терен.
Градоначалникот упати искрена благодарност до Петер Логар и Ханс Пап од доброволната противпожарна единица од Тирол, како и до амбасадорот Мартин Памер за поддршката и континуираниот ангажман во реализацијата на оваа вредна донација за Општина Боговиње.