Денес, на свеченост организирана од Општина Боговиње, градоначалникот имаше чест и задоволство да додели признанија, награди и подароци на најистакнатите ученици од нашата општина, кои со своите успеси се истакнаа на општински, државни, регионални и меѓународни натпревари.
Во присуство на директорите на училиштата, наставниците, родителите и други гости, беа доделени награди и признанија за учениците кои успешно ја претставуваа нашата општина на различни активности и натпревари. По тој повод, високо беа оценети трудот, посветеноста, талентот и извонредните резултати на нашите ученици, при што беше истакнато дека тие се најдобар пример за успех кој се постигнува преку знаење, дисциплина и континуирана работа. Нивните успеси не само што ги прават горди нивните семејства, наставници и училишта, туку достојно ја претставуваат и Општина Боговиње на секој натпревар и активност на кои учествуваат, претворајќи се во најдобрите амбасадори на нашата општина.
Со титулата „Најдобра ученичка на Општина Боговиње“ беше прогласена ученичката Елма Абази од ООУ „Абдил Фрашери“ во Боговиње, која за своите одлични резултати беше наградена со лаптоп. Исто така, и останатите истакнати ученици беа наградени со подароци и признанија од Општина Боговиње.
Оваа активност го означува почетокот на една нова традиција во нашата општина, каде што успехот, знаењето и неуморната работа ќе бидат континуирано вреднувани и промовирани.
Општина Боговиње и понатаму ќе продолжи максимално да го поддржува образованието и да ги мотивира нашите ученици да постигнуваат уште поголеми резултати во иднина, бидејќи вложувањето во образованието и во младите генерации е најсигурната инвестиција за развојот и иднината на нашата општина.
Честитки до сите наградени ученици, родители, наставници и училишта за постигнатите успеси и им посакуваме уште многу успеси на патот кон знаењето и извонредноста.