Денеска беше пуштен во употреба уште еден значаен проект за Општина Боговиње – новата улица во Прековце, која значително ќе ја подобри поврзаноста и комуникацијата меѓу населените места, а истовремено ќе придонесе и за развојот на подрачјето низ кое се протега.
Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Фети Абази, изрази благодарност до сите кои придонесоа за реализацијата на овој проект, како и до сите присутни на свеченото пуштање во употреба, особено до министерот Агон Ферати, заменик-министерката за транспорт, г-ѓа Калтрина Зеколи, која континуирано ја поддржува Општина Боговиње, заменик-министерот Албрим Хоџа и заменик-министерот Адмир Шабани.
Ова е само еден од проектите што ги реализира Општина Боговиње со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните.
Градоначалникот им посака на граѓаните нашата нова улица да ја користат уште многу години!