Денеска беше реализирана теренска посета со цел одблиску да се следи динамиката и напредокот на проектите кои се реализираат во неколку населени места во Општина Боговиње. Работите продолжуваат со засилено темпо, со фокус на подобрување на условите за граѓаните.
📍 Седларце – Со поддршка од Општината, жителите поставија бекатон-плочки со цел проширување на просторот за паркирање во близина на училиштето.
📍 Палчиште – Интензивно се одвиваат работите за уредување на речното корито. Според увидот на терен, работите се одвиваат добро и се реализираат квалитетно.
📍 Калник – Се изведуваат потребните подземни интервенции, вклучително и поставување на нова водоводна цевка и цевки за атмосферски води, пред започнувањето на асфалтирањето.
📍 Пирок – улица „Јурија“ – Во тек се завршните подготовки пред асфалтирањето, кое е планирано да започне утре.
📍 Ново Село – Се отстранува стариот бетон со цел да се создадат подобри услови и повеќе простор во училишниот двор, за поставување на нови тоалети и уредување простори за активности на учениците.