Општина Боговиње

Општина Боговиње е албанска општина која се наоѓа во западниот дел на Северна Македонија и се наоѓа во Полошкиот регион. Центарот на општината се наоѓа во селото Боговиње, под кое се именува и името на општината.

Географија

Општина Боговиње се граничи на север со Општина Тетово, на исток со општина Брвеница, на југ со општина Врапчиште и на запад со Република Косово.

Демографија

Според пописот од 2002 година, 28.997 лица живеат во општина Боговиње, од кои Албанци 27.614 (95.2%), Турци 1.183 (4.1%), Македонци 37 (0.1%) и 163 (0.6%) cе од други етнички групи.